Connect with us

Фудбал

Три опции за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се согласил, а дури бил и иницијатор за намалување на платите во Јувентус. Со ова на клубот му заштедиле дури 90 милиони евра.

Но, се поставува прашањето што ќе биде со Роналдо на лето, односно дали и во следната сезона Јувентус ќе може да го издржи ова ниво на плати.

Се спомнува ПСЖ, наводно францускиот тим веќе се распрашувал за него преку менаџерот Мендеш. Тие сметаат на финансискиот ефект, но и да биде како промотор на СП во Катар, бидејќи сопствениците на ПСЖ се од оваа земја. Сепак, засега нема преговори, а цената за откуп е околу 70 милиони евра.

Втората опција е Роналдо под сегашните услови (30 милиони евра годишно) да го одработи договорот, а потоа да замине во Америка, односно МЛС лигата.

Третата опција е нестварна. Првиот човек на Јувентус, Ањели размислува да му го продолжи договорот, да му понуди нешто помала плата, а Португалецот да остане во Торино до крајот на кариерата. Потоа, по пензионирањето да биде вклучен во високите структури на клубот, но не само тоа, туку да биде дел од високите структури на бизнис империјата на семејството Ањели.

Колку и што од сето ова ќе се исполни ќе покаже времето.