Connect with us

Фудбал

Три теста, сите позитивни на коронавирус-трае агонијата на голманот на италијанскиот тим

Голманот на Аталанта Марко Спортиело и натаму се бори со коронавирусот, иако од првиот пат кога беше откриено дека е позитивен помина еден месец.

Прв пат е тестиран на 20-ти март, но и натаму во себе го има вирусот, барем така тврдат италијанските медиуми.

Медиумите тврдат дека тој и натаму е во карантин во својот дом во близина на Бергамо и дека нема некои посериозни симптоми на вирусот.

Италијанското првенство е прекинато на 9-ти март поради пандемијата на коронавирусот. Италија е една од најпогодените земји со повеќе од 187 илјади заразени и над 25 илјади смртни случаи.

Дуелот помеѓу Аталанта и Валенсија одигран во Милано во рамките на Лигата на шампионите е посочен како „биолошка бомба“ и главната причина за големото ширење на вирусот во Италија и Шпанија.