Connect with us

Други спортови

Трка на 10 километри утре во Скопје

Од булеварот „Илинден“ пред фонтаната „Лотус“ утре во 9 часот ќе започне трката на 10 километри „Скопје трча“ во организација на Виз Ер Скопски маратон.

Натпреварувачите ќе трчаат во правец на Скопје Сити мол, каде на семафорите кај улица „Љубљанска“ ќе свртат полукружно и се враќаат на од другата страна на булевар „Илинден“ до пешачкиот на Градско собрание. Повторно вртат полукружно и трчаат во правец на Скопје Сити мол и кај семафорите на улица „Љубљанска“ вртат полукружно и се враќаат кај фонтаната „Лотус“ каде што ја завршуваат трката.

Скопје трча 10КМ е по покровителство на Агенција за млади и спорт.