Connect with us

Фудбал

Цела Италија му се смее на Бонучи

И додека Гонзало Игуаин помина низ сито и решето на “Сан Сиро”, каде што лавовски се бореше против поранешните тимски колеги со кои две сезони нижеше само успеси и трофеии, еден човек, кој седеше на гостинската резервна клуба, задоволно се смееше.

Тоа беше Леонардо Бонучи, кој до вчера беше капитен на пропаднатиот Милан кој беше проект на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, а сега е еден од капитените на Јувентус. Дефанзивецот се смееше затоа што беше дел од победничкиот тим кој славеше во дуелот против Милан со 2:0.

Репрезентативецот на Италија се врати во Милано, но беше пречекан со транспарентот на кој пишуваше дека е човечки срам.

  • Бонучи, единствено полош од тебе е Скетино…Срамота.

Франческо Скетино беше капетан на бродот Коста Конкордија кој во 2012 година во близина на Тоскана срамно дозволи да му потоне бродот поради негова. Потоа Скетино побегна за што доби затворска казна во траење од 16 години.
Иако не беше на зелениот терен, Бонучи беше навредуван од првата до последната минута.

  • Бонучи е уморен, знаете дека го игра секој натпревар. Ете, таква му беше среќата, мораше да го прескокне овој натпревар, се правдаше предводникот на “старата дама”, Масимилиано Алегри.

Пред почетокот на натпреварот, Бонучи изјави дека сакал да биде дел од почетниот состав.

  • Јас сакав да играм, сите кои ме знаат, знаат дека јас не се повлекувам. Ова се натпревари кои дополнително ме возбудуваат, но јас сум дел од клупската ротација. Одиграв девет натпревари по ред, а имаме неколку фантастични дефанзивци. Сакам да му се заблагодарам на Гатузо за убавите зборови, но јас сакав да се вратам дома, тоа му беше приоритет. Торино е мојот дом, изјави Бонучи.

Освен со тие на Милан, дефанзивецот има сериозен проблем и со поголемиот дел од фановите на Јуве кои збеснаа на дуелот против Џенова поради одлуката Бонучи да биде капитен. За среќа, поради добиената казна од Фудбалската федерација, трибината на која се најрадикалните фанови на Јуве беше затворена, а Бонучи се спаси од громогласните свирежи.