Connect with us

Фудбал

Цела сезона го исвиркуваа и навредуваа, а синоќа Бејл ја крена раката високо

Герет Бејл синоќа на најдобар начин се прости од Реал Мадрид.

Како што е познато подолго време, Велшанецот летово по истекот на договорот ќе го напушти кралскиот клуб бидејќи не постигна договор за продолжување на соработката.

Бејл немаше баш добра сезона во која не играше премногу, а и кога беше на теренот навивачите на Реал Мадрид го исвиркуваа во секој допир со топката.

 

Тој веќе неколку сезони е на удар на навивачите на Реал, што јасно стави до знаење дека нема да добие нов договор. Сепак, Бејл на крајот го напушти овој клуб во најдобар можен стил.

Иако синоќа не одигра ниту минута, успеа да ја освои Лигата на шампионите, а тоа беше петти трофеј во ова натпреварување за Бејл, што е навистина импресивно.

 

По натпреварот, Бејл не се прослави премногу, па тоа го прослави со само еден потег. Тој ја крена раката високо во воздух и покажа „петка“ алудирајќи на бројот на освоени титули во Лигата на шампионите.

И синоќа се слушаа некои навивачи како му свиркаат, но тој со само еден потег ги замолчи. Неговиот договор истекува на крајот на следниот месец, а наскоро се очекува потврда каде Бејл ќе ја продолжи кариерата.

 

Бејл оваа сезона одигра само седум натпревари за Реал Мадрид, од кои има два настапи во Лигата на шампионите и само седум минути запишани.