Connect with us

Фудбал

Целосно пропадна најголемиот талент на Бразил – Оди во трета лига, Реал го плати 30.000.000 евра, а на 22 години не може никаде да игра!

Реал Мадрид ја промени својата трансфер политика, па иако сега ги доведува најголемите фудбалски ѕвезди како Килијан Мбапе, се обидува навреме да ги привлече и најголемите интернационални таленти. Така пристигнаа Винисиус, Родриго, Федерико Валверде, сега младиот напаѓач Ендрик, но и една грешка.

Пред само четири години Реал плати 30.000.000 евра за бразилското крило Рание, но тој не се докажа! Сега на почетокот на подготовките за новата сезона, тренерот на „кралскиот клуб“ Карло Анчелоти го префрли во Б тимот на Реал Кастиља, кој настапува во третата лига, па ќе ја бара минутажата што ја нема.

Рание дојде во 2020 година од Фламенго, каде што почна да игра како малолетник, а во тој момент веќе имаше речиси 30 настапи за У15, У17 и У23 тимовите на Бразил. Од него се очекуваа големи работи и по неколку настапи специјално за Кастиља беше испратен на калење.

Тука започна неговиот пад. Сега 22-годишниот Рание, во двете години поминати во Борусија Дортмунд, одигра само 27 натпревари во Бундеслигата и собра 399 минути во дресот на „милионерите“. Таму не му успеа, но потоа помина една година во Жирона и Фросиноне, каде играше повеќе, но далеку од тоа да убеди некого дека е играч на Реал Мадрид.

Сега го чека неизвесна судбина. Беше испратен во вториот тим, иако Карло Анчелоти по заминувањето на некои играчи и враќањето на други од ЕП и Копа Америка има само осум играчи на тренинзи. Јасно е дека неговите денови се избројани во Реал Мадрид и додека Винисиус и Родриго продолжуваат да бркаат титули и трофеи и во Шпанија и во Европа со Реал, тој ќе мора да падне неколку скалила, дури и во трета лига!