Connect with us

Фудбал

Цифрата не е ниту близу до 60 милиони евра: Ајнтрахт за Лука Јовиќ доби многу помалку пари

Лука Јовиќ пред неколку дена потпиша договор со Реал Мадрид.

Младиот српски напаѓач наредните шест години ќе ги помине во редовите на „Кралскиот“ клуб, а шпанскиот клуб за неговите услуги издвои 60 милиони евра.

Меѓутоа, екипата на Ајнтрахт кој се договори со Реал не ја доби оваа сума, поточно ниту близу оваа цифра.

Дури третина од сумата доби тимот од Франкфурт, односно околу 20 милиони евра, а тоа го потврди и претседателот Питер Фишер.

„Доста се зборува за тие 60 милиони евра. Меѓутоа, не е баш така како што изгледа. Тука е делот кој му припаѓа на Бенфика, потоа даночните обврски и обврските кон менаџерите, па така нам ни остануваат околу 20 милиони евра чиста заработка“, рече Фишер.

Бенфика помина речиси како и Ајнтрахт. Во договорот имаа право од дури 30 посто по продажбата и им припаднаа околу 18 милиони евра.

Исто така дел од парите доби и Црвена Звезда, а добар дел од колачот добија и менаџерите кои го завршија трансферот, односно екипата која ја води Фали Рамадани.