Connect with us

Ракомет

Циндриќ нема да игра против Вардар

Хрватскиот ракометен интернационалец Лука Циндриќ, само што влезе во ритам, одново е надвор од терените. Тој поради повреда не го доигра дуелот со Мешков Брест. Првичните информации се дека се работи за повреда на мускулот и ќе мора да паузира од две до три недели.

Постојат големи шанси Циндриќ да не биде во составот на Киелце за дуелот со Вардар во Скопје, кој е закажан за први декември. На првата пресметка сезонава токму тој го предводеше полскиот тим до победата над македонскиот првак.

По седум кола во Лигата на шампиони, Киелце има десет бода исто колку Вардар и Рајн Некар Левен. Но, полскиот тим е на третото, а Вардар на четвртото место, втори се „лавовите“, а лидер е Барселона со 12 бода.