Connect with us

Ракомет

Цвијиќ: Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим

Вардар викендов го игра најважниот натпревар во оваа прва фаза од групите на ЛШ, како гостин кај ФТЦ во Будимпешта. Средбата се игра во сабота од 13,30 часот и ќе одговори на прашањето која екипа колку бодови ќе пренесе во следната фаза од ЛШ.

„Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим. Првиот меч во Скопје не е вистинскa слика. Тие потоа ја подобрија формата и одиграа еден одличен натпревар со Ѓер. Сигурно дека таа емоција уште ги носи. Ќе биде тешко, навивање на трибините и полна сала. Драго ми е што имаме ваков меч, тој ќе покаже каде сме со формата. Ако добро одговориме на оваа задача ќе знаеме дека сме подготвени за високи дострели, смета Драгана Цвијиќ.