Connect with us

Фудбал

Тухел го отпиша Буфон за наредните два натпревари: „Не ги сакам ваквите одлуки“

Тренерот на ПСЖ Томас Тухел потврди дека Џанлуиџи Буфон ќе ги пропушти наредните два натпревари во првенството.

Алфонс Ареола ќе добие шанса да застане на голот на Парижаните наместо искусниот Буфон, денеска потврди Тухел.

Буфон дебитирашр против Каен во Лига 1, бранеше и против Генгамп минатиот викенд и во двата натпреварит неговиот тим славеше, а тој прими само еден гол.

„Ареола ќе брани против Анжи и Ним, а потоа ќе видиме. Мислам дека е важно и Ареола да брани, последен пат бранеше во мај. Не сакам да носам долгорочни одлуки, но сега сакам сите да бидат задоволни е еднакво третирани“, рече Тухел.

Можно е и Едисон Кавани конечно да се врати на теренот после повредата која ја здоби на Светското првенство, но Тухел тврди дека има четири врвни напаѓачи и дека не е лесно да се донесе одлука, но во секој случај не е исклучено Уругваецот да добие шанса против Анжи.