Connect with us

Фудбал

Тухел ни крив, ни должен стана предмет на исмевање на социјалните медиуми

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, беше повреден пред неколку дена.

После сите измачувања што ги предизвика францускиот тим со повреди во последно време, шлаг на тортата е повредата на Тухел.

Го повреди глуждот на десната нога, а на вчерашниот тренинг во Португалија се појави со патерици и протеза.

Фотографија од него во таква состојба набрзина се појави и ги охрабри љубителите на фудбалот ширум светот.

Многумина веруваат дека парижаните биле проколнати од некого пред четвртфиналето од Лигата на шампионите, па после веќе повредените Калјан Мбапе и Марко Верати, се повреди тренерот на тимот.

Сепак, не е сè така црно за ПСЖ како што се чинеше пред неколку дена, а причината е фактот дека Мбапе треба да игра вечерва во Лисабон.

Ова го потврди самиот Тухел на прес-конференција.

Патем, денес се игра натпреварот Аталанта – ПСЖ, со почеток од 9 часот.