Connect with us

Фудбал

Тухел: Со Арсенал немаше никакви разговори

Кога во април Арсен Венгер соопшти дека го напушта Арсенал, со лондонскиот клуб се поврзуваа бројни тренерски имиња.

Еден од нив се поврзуваше со „Топџиите беше Томас Тухел, но перспективниот германски стратег на крајот заврши во ПСЖ, додека местото на Венгер на „Емиратите“ го наследи Емери.

Тухел неколку месеци подоцна откри дека всушност немаше никаков контакт со Арсенал, ниту размислувал за тоа да дојде на „Емирати“.

„Одлуката да дојдам во ПСЖ ја донесов уште пред Венгер да соопшти дека заминува. Со Арсенал немаше никакви разговори, така да не ни размислував за тоа“, кажа Тухел, кој има високо мислење за Венгер.

„Тој е еден од најголемите тренери на светот. Многу во почитувам, пример е за ногу тренери, па и за мене“, додаде Германецот кој со францускиот клуб потпиша договор до 2020 година.