Connect with us

Фудбал

Турски голман кој беше заразен тврди: Има лек против коронавирус

Легендарниот голман Регбер Рушту, кој го победи коронавирусот, сега тврди дека Министерството за здравство на Турција го има лекот.

Претходно неговата сопруга истото го кажа, а сега тој го потврди тоа што го зборуваше таа.

-Процесот на лекувањето беше многу тежок и долг. Министерството за здравство го има лекот. Го применуваа на мене 10 дена и на крајот ме излекуваа, вели Рушту.

Неговата сопруга порано изјави дека Рушту додека бил во болница примал терапија Тамифлу, Хидроксихлорохин и Азитромицин и дека преживеал благодарејќи на овие лекови.

Овие лекови потврдија и неколку држави дека ги користат како комбинација во лекувањето на пациенти заразени од Ковид-19.