Connect with us

Фудбал

Турски тим заинтересиран за столбот во македонската одбрана

Дарко Велковски во летниот преоден рок е слободен играч, бидејќи договорот со Ријека од Хрватска му истече. Па, сега како слободен, без обештетување може да се пресели каде сака.

Според информациите, Анкарагучу е заинтересиран да го види во своите редови. Информацијата ја објави познатиот турски новинар.

Овој клуб во минатата сезона беше најдобар во втората турска лига и сега има амбиции подолго да се задржи во елитата. Велковски освен за Ријека, претходно играше за Вардар и Работнички.