Connect with us

Фудбал

Турците сега ја „плаќаат“ цената за храброста, тренер на фудбалски гигант позитивен на коронавирус

Тренерот на турскиот фудбалски гигант, легендарниот Фатих Терим е позитивен на коронавирус, потврди самиот тој на социјалните мрежи. Иако во многу европски лиги фудбалското првенство беше прекинато, сепак во Турција се играше до пред само неколку дена.

-Мојот тест на коронавирус е позитивен. Но, јас сум во сигурни раце во болница. Не се грижете, напиша Терим на твитер.

Фудбалскиот шампионат во Турција, заедно со руската Премиер лигата, Суперлигата во Србија беше еден од последните кои беа прекинати. Сега, единствен шампионат каде се игра фудбал во Европа е оној во Белорусија.