Connect with us

Ракомет

Убедлив пораз на подмладокот на Вардар на гостувањето кај Мешков

Ракометарите на Вардар го претрпеа и вториот пораз во регионалната СЕХА лига сезонава

Откако македонскиот ракометен првак и актуелен шампион во СЕХА лигата, Вардар немаше пораз во регионалното натпреварување на дури 31 меч, сега на два во низа црвено-црните губат.

По поразот во претходната рунда од ППД Загреб, денеска вардарци се поразени на гостувањето во Мешков кај Брест со 35-20 полувреме 19-9 во меч од 10.коло.

Со подмладен состав и без првиот тренер Парондо, црвено-црните не можеа да го избегнат овој пораз, во кој најефикасен беше Јања Војводиќ даде пет гола, додека Поповски и Атанасовски беа стрелци на четири.

Можеби ова е дел од тактиката на вардарци, кои веќе во сабота (03.11.2018) во 17.30 часот во СЦ “Јане Сандански”, против истиот противник ќе го одиграат шестиот меч во Лигата на шампионите.

Извор: Сител