Connect with us

Фудбал

Убедливиот Леванте избега од дното, Барди не доби шанса

Првиот натпревар од 32.коло во шпанската Ла Лига кој се одигра во неделата донесе голема победа за Леванте во борбата за опстанок. „Жабите“ од Валенсија како гости на стадионот „Лос Карменес“ ја победија Гранада со 4:1 (1:0).

Леванте по овој триумф е претпоследен со 25 бода, колку што има и Алавес, а тимот на Валенсија е на четири бода од „безбедната зона“. Ова беше втор триумф во последните три кола за Леванте.

Гранада е во лоша форма и ова и беше втор пораз во низа – сега имаат 29 бода и исто како Мајорка, еден бод ги дели од зоната за испаѓање.

Гостите поведоа во 17. минута преку Дани Гомез, а клучниот момент од остатокот од натпреварот се случи во 54. минута кога Херман Санчез го доби вториот жолт картон, па Гранада покрај голот зад себе имаше и играч помалку.

До крајот на натпреварот Леванте постигна уште три гола (Моралес, Малса и Солдадо), а Коладо го постигна единствениот гол за Андалузијците.

Нашиот репрезентативец Енис Барди остана на клупата цел натпревар и не доби шанса да настапи.

Во следното коло Гранада во среда ќе го пречека шампионот Атлетико, додека Леванте ден подоцна ќе ја пречека Севиља.