Connect with us

Фудбал

Удар за Сари, Јувентус останува без двајца дефанзивци до крајот на годинава

Јувентус потврди дека Матијас де Шиљо и Данило нема да бидат достапни за тренерот Сари, поради повреди, до крајот на годинава.

Тоа значи дека двајцата одбрамбени фудбалери нема да бидат на теренот за натпреварите во Серија А и за дуелот против Баерн Леверкузен во Лигата на шампионите.

На списокот на отсуства најверојатно ќе биде Даглас Коста, бидејќи денес медиумите во Италија посочија дека бразилскиот напаѓач нема да може да се врати за дуелот против Интер, закажан на 6 октомври.