Фудбал
УЕФА ги испрати дома романските судии, еден од нив нарече фудбалер „негро“
УЕФА ги промени судиите за мечот ПСЖ-Башакшехир, откако четвртиот судија Себастијан Колтеску на расна основа го навреди камерунскиот напаѓач на клупата на турскиот тим Пјер Вебо. Турскиот тим поради тоа синоќа го напушти теренот, а мечот во Париз не беше доигран. Одложен е за денеска во 18:55 часот.
УЕФА одлучи да ги смени сите судии. Романската екипа е испратена дома, а вечерва главен судија ќе биде Холанѓанецот Дани Макели. Помошници се Марио Дикс (Холандија) и Марцин Бониек (Полска). Четврти судија ќе биде исто така од Полска, Бартоз Франковски.