Connect with us

Фудбал

УЕФА ги шокираше играчите на Ливерпул со одлука пред финалето

Фудбалерите на Ливерпул се многу незадоволни од одлуката на УЕФА која пристигна непосредно пред финалето на Лигата на шампионите.

Ливерпул на „Стад де Франс“ ќе има можност по седми пат во клупската историја да стане европски шампион. За да успеат „црвените“ треба да го победат Реал.

Ако ги победат Кралевите, нема да можат да го направат тоа што инаку би го направиле, поточно нема да можат да го прослават успехот со своите семејства.

Имено, УЕФА издаде директива дека семејствата на играчите нема да можат да влезат на теренот по последниот свиреж на судијата, што ги налути играчите на Ливерпул.

Иако славењето со семејството стана секојдневие по неколку големи настани, тоа нема да биде случај со вечерашното финале во Лигата на шампионите, од безбедносни причини, како што соопшти УЕФА.

Ѕвездите на „црвените“ дополнително ги изнервира одлуката на управата на Ливерпул да им додели на играчите значително помал број карти отколку што е случајот во Реал.

Имено, комплетната семејна придружба на Ливерпул е ограничена на вкупно 382 члена бидејќи на „Енфилд“ решиле да им подарат што повеќе билети на навивачите.

Од друга страна, сите играчи на Реал добија по 25 билети кои можат да ги споделат со роднините и пријателите.

За потсетување, финалето на „Стад де Франс“ започнува во 21 часот, а натпреварот ќе го суди домашниот судија Клемент Турпин.