Connect with us

Фудбал

УЕФА го фрли Милан надвор од Европа ?!

Кој е сопственик на Милан и од каде ги добива парите што ги има на располагање, сè уште не е познато.

Милан ја заврши Серија А на шестото место и обезбеди влез во Лигата на Европа за следната сезона, но можно е да биде изспрлен од Лига Европа, бидејќи УЕФА го истражува овој клуб.

Според извештаите на медиумите од Италија, УЕФА одлучи да го одбие барањето на Милан за договори за финансиски фер-плеј, но Милан се најде во голема неволја.

Ако УЕФА се придржува до нивните нивните принципи, Милан, најверојатно нема да игра во Европа во следната сезона.

Тоа не е најлошата можна казна за Милан, зошто сепак не е исклучена можноста да помини со полесна казна, а тоа е забраната за доведување на играчи во некој од наредните преодни рокови.

Минатото лето Милан потроши повеќе од 200 милиони евра за засилување, но не е познато од каде ги добиле парите.