Connect with us

Фудбал

УЕФА го одби предлогот, Милан пред казната

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) го отфрли предлогот на Милан за доброволен договор за финансиски фер-плеј, па сега италијанскиот гигант се наоѓа пред казна, пишува денеска Газета дело Спорт.

Раководството на „росонерите“ претстави план за кој веруваат дека ќе има економска стабилност во наредните години, но таквите тврдења не ги убедија луѓето од УЕФА.

Затоа во Милан очекува најмал износ на парична казна или ограничување на трансферите, а во најлош случај, исклучување од евро-куповите.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, минатиот месец изјави дека е вознемирен поради ситуацијата во Милано и дека сите опции се отворени, размислувајќи за санкции.