Connect with us

Фудбал

УЕФА го суспендираше Евра по што фудбалерот го раскина договорот со Марсеј

Фудбалерот Патрис Евра го раскина договорот со Олимпик Марсеј, откако УЕФА му изрече седуммесечна суспензија од натпревари, поради физичкиот напад врз навивач пред дуелот во Лигата на Европа против Виториа Гимараеш.

Освен суспензијата Евра е казнет и со парична казна од 10 илјади евра.

Договорот на Евра со Марсеј траеше до јуни идната година, до кога му важи и суспензијата од УЕФА.