Connect with us

Фудбал

УЕФА исфрли тим од Украина од Европа!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од своите натпреварувања поради финансиски проблеми. Затоа унгарскиот клуб Пушкаш Академија без борба мина во третото коло од Конференциската лига бидејќи противник требаше да биде Днипро-1.

Финансиските проблеми се чини дека се судбината на овој клуб, бидејќи и оригиналниот Днипро од Днепропетровск беше распуштен поради финансиската криза пред пет години, а го наследи Днипро-1. Минатата сезона овој клуб го зазеде четвртото место во украинската Премиер лига, но сега му претстои најголемиот предизвик – опстанокот на клубот.

Раководството на клубот ги известило играчите на Днипро дека се слободни да изберат нова средина, но и дека нема да можат да ги наплатат неподмирените побарувања што ги имаат според договорот. Поточно, фудбалерите и стручниот штаб добија само кусур од она што им следува.