Connect with us

Фудбал

УЕФА изрече казни за Србија и Албанија поради инциденти на Европското првенство

УЕФА експресно донесе одлука за казната за ФФС поради случувањата на натпреварот меѓу Србија и Англија на Европското првенство. Поради “фрлање предмети и испраќање пораки кои не се прикладни на спортски настани” ќе мора да платат казна. Поради фрлање предмети ќе платат казна од 4.500 евра, додека дополнително ќе треба да издвојат 10.000 евра поради скандирање.

Во истото соопштение кое се наоѓа на сајтот на УЕФА е објавена и одлуката во врска со натпреварот меѓу Италија и Албанија, при што Албанскиот фудбалски сојуз ќе мора да плати вкупно 37.375 евра поради неколку прекршоци. Станува збор за палење бакљи, фрлање предмети на теренот, упад на навивачи на теренот и провокативни пораки кои не се прикладни за спортски настани.

На денешниот натпревар меѓу Албанија и Хрватска исто така имаше срамотни пораки, па така се појавија знамиња на терористичката “ОВК”, а исто така скандираа “Убиј Србина”, па може да се очекува дека УЕФА дополнително ќе реагира. Што се однесува до репрезентацијата на Србија, во тек се последните подготовки за натпреварот со Словенија кој се игра во четврток (15 часот) и тоа е моментално клучниот натпревар за “орлите” кои со победа би можеле да се приближат до поминување во следната фаза.