Connect with us

Фудбал

УЕФА ја објави програмата за второто издание на Лигата на нациите

Иако првиот турнир на Лигата на нациите заврши доцна синоќа, УЕФА веќе го објави календарот за следното издание на натпреварувањето. Тоа ќе се одржи повторно во шест прозорци за три месеци во 2020 година, со квоти за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Објавените датуми од УЕФА се: 3-5 септември, 6-8 септември, 8-10 октомври, 11-13 октомври, 12-14 ноември и 15-17 ноември.

Ждрепката за турнирот ќе биде извлечена во јануари или февруари 2020 година, а Македонија ќе биде во Дивизија „Ц”, каде се наоѓаат и тимовите на Албанија, Белорусија, Бугарија, Грузија, Грција, Израел, Ирска, Косово, Унгарија, Романија, Северна Ирска, Словачка, Турција и Црна Гора.