Connect with us

Фудбал

УЕФА ја укинува ВАР технологијата за ЛШ, причина Ковид-19?!

Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, но и други шпански медиуми, УЕФА планира привремено да ја укине ВАР технологијата во Лигата на шампионите со цел да може да ги спроведе сите рестрикции поради вирусот Ковид-19 кога ќе продолжи сезоната.

Причината е тоа што судиите задолжени за ВАР нема шанси да не бидат во иста просторија и блиску еден до друг, поради што би се прекршиле препораките  и мерките за социјална дистанца, како еден од главните совети на Светската здравствена организација против коронавирусот.