Connect with us

Фудбал

УЕФА мора да ги исфрли ПСЖ и Сити!

Пред неколку дена, Манчестер Сити и ПСЖ беа обвинети дека ги прекршиле правилата за Финансиски ферплеј и на тој начин беше извршен сериозен притисок врз Европската куќа на фудбалот (УЕФА) од која е побарано веднаш да реагира и да ги исфрли двата клуба од Лигата на шампиони.
Идентично размислува и првиот човек на шпанската Примера, Хавијер Тебас, кој потенцираше дека законите мора да се почитуваат и дека елиминацијата на “граѓаните” и “светците” ќе биде еден вид предупредување за останатите клубови.

Специјализираниот сајт “Фудбал Ликс” пред десет дена ги објави податоците кои јасно покажуваат дека ПСЖ и Манчестер Сити ги прекршиле правилата за ФФП, а германски “Шпигел” додаде дека клубовите добил голема помош од челниците на ФИФА.

Англискиот премиерлигаш веднаш реагираше со констатацијата дека таквите обвинувања имаат за цел да му наштетат на клубот, додека од ПСЖ порачаа дека се е работено според законот.

  • Пред две години изјавив дека овие два клуба мамат и не ги почитуваат законите. Затоа не сум изненаден. Прашањето за непочитување на законите е многу важно и УЕФА мора да биде максимално сериозна. Тоа е нешто што прави голема разлика во фудбалската игра, ја руши здравата структура на самата игра. Поради тоа, ПСЖ и Сити мора да бидат казнети. Ако УЕФА ги исфрли од Лигата на шампиони, тоа ќе биде предупредување за останатите клубови дека мора да ги почитуваат законите, изјави Тебас за “Гол”.