Connect with us

Тајмаут

УЕФА парично ја казни Кинси Волански поради упадот на теренот во финалето

Кинси Волански стана сензација по финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Оваа атрактивна плавуша упадна на теренот кон средината на првото полувреме поради што натпреварот беше кратко прекинат.

Кинси преку ноќ стана ѕвезда, на Инстагрма доби преку два милиони следбеници. Таа упадна на теренот во костим за капење на кој стоеше реклама „Vitaly Uncensored“, портал кој е наменет за возрасни.

Сопственикот на таа страна е познато лице – Витали Здороветски. Овој Американец со руско потекло стекна богатство на „YouTubeu“, каде има повеќе од 10 милиони следбеници.

Кинси беше приведена по натпреварот на испитување, но набрзо потоа беше пуштена. Моментално со својот дечко Витали се наоѓа на одмор во Ибица.

Но, УЕФА соопшти дека таа е и парично казнета поради упадот на теренот со 15.000 евра. УЕФА објасни дека 10.000 евра е казна за рекламата на костимот за капање, а 5.000 евра за упадот на теренот.

Меѓутоа, оваа казна нема да ги вознемири Кинси и Витали со оглед на фактот дека ќе заработат огромни пари со прегледите на „YouTubeu“, но и со посетите на страницата која ја рекламираа.