Connect with us

Фудбал

УЕФА подготви ново натпреварување за клубовите!

УЕФА подготвува ново натпреварување за клубовите кое ќе послужи како еден вид тригер за стартот на новата сезона.

Новото натпреварување ќе стартува во 2024 година, откако претходно беше договорен новиот формат на Лигата на шампионите, а на мини турнирот би се натпреварувале четири клуба од фајналфор форматот.

Суперкупот на Европа нема да исчезне, туку повеќе нема да го игра победникот на Лигата на шампионите и Лига Европа, туку победникот на Лига Европа ќе игра против победникот од Конференциската лига.

Со оглед на тоа што нема да има ништо од фајналфорот во самата завршница на Лигата на шампионите, УЕФА ќе се обиде со нов формат во кој во летниот термин би се натпреварувале четири клуба, најверојатно во САД.

Тоа на некој начин би им бил одговорот на најголемите клубови кои организираат турнири во текот на летото за да заработат огромни пари.

Кој би учествувал на турнирот? Место сигурно би имал и новиот освојувач на Лигата на шампионите, а преостанатите три учесници би биле многу успешни екипи, односно најдобрите од регуларниот дел од новиот формат на Лигата на шампионите.

На овој начин УЕФА сака да им даде уште поголемо значење на клубовите да се борат за што подобар пласман во регуларниот дел од Лигата на шампионите.

Турнирот би се играл во август со две полуфиналиња и финале. Идејата е веќе прифатена од клубовите и од натпреварувачката комисија, па останува да се почека официјалната потврда.