Connect with us

Фудбал

УЕФА потврди: Македонските тимови следната сезона нема да играат во Лига Европа

Македонија досега имала четири претставници на европската сцена. Шампионот играл квалификации во Лигата на шампионите, а три екипи, второпласираниот, третопласираниот и освојувачот на Купот во квалификациите за Лига Европа.

Следната сезона, Македонија нема да има претставници во Лига Европа. Шампионот ќе игра во квалификациите за Лига Европа, но останатите три екипи ќе играат во новотото натпреварување УЕФА конференциска лига. Слично, како и Лигата на нации за репрезентациите, така и ова натпреварување е направено помалите земји да имаат поголеми шанси за успех , а нивните клубови ќе играат во оваа лига без големите гиганти. Финалето ќе се одржи во Тирана, Албанија.

Форматот ќе биде како и во Лигата на шампиони: по квалификациите (кои ќе почнат на 8 јули) ќе се формираат 8 групи, секоја со по 4 клубови, а потоа преку нокаут-систем ќе се стигне до финалето.

Пристапната листа на УЕФА можете да ја видите ТУКА.