Connect with us

Фудбал

УЕФА со драстично кратење, македонските клубови ќе останат без Европа?!

Угледниот весник „The Times“ објави вест, повикувајќи се на сигурни и добро упатени извори дека УЕФА планира драстично кратење на мечевите за европските купови за следната сезона.

Имено, годинешната ЛШ и ЛЕ ќе продолжат во август, па со оглед на распоредот сезоната би се завршила некаде околу 20 октомври. Тоа значи дека нема да има време да почнат квалификациите за следната сезона. Уште тука е проблемот секако со националните првенства бидејќи не се знае кога и како ќе завршат. Доколку УЕФА се одлучи на ваков драстичен потег, тоа би значело дека македонските клубови, кои учествуваат во раната фаза на квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа ќе извисат, односно нема да добијат шанса да се борат за пласман во групната фаза.

Доколку се одлучи, пак, да се одиграат само плејофите, односно последните две кола од квалификациите, тогаш тука би се сметале клубовите со поголеми коефициенти, па и тука е можно да не бидат вклучени тимовите од земјите со мал коефициент.

Сепак, според првичниот план, клубовите нема да останат без парите од УЕФА. Наводно за нив е планирана финансиска компензација без разлика на тоа што нема да учествуваат во квалификациите.

Конечната одлука се очекува да биде донесена најдоцна до 27-ми мај.