Connect with us

Фудбал

УЕФА со над 236 милиони евра за сите, меѓу нив и Македонија

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) планира да им помогне на своите членки и тоа финансиски во овие тешки времиња. Како што изјави првиот човек Александар Чеферин, секоја земја членка ќе добие по 4,3 милиони евра, а секако тука спаѓа и Македонија, односно ФФМ.

-УЕФА сака да помогне на своите членки. Се согласивме секоја федерација да добие по 4,3 милиони евра од „Хет-трик“ програмата. Парите ќе бидат исплатени во текот на оваа и следната сезона, вели Чеферин.

ФФМ претходно доби и половина милион евра од ФИФА.