Connect with us

Други спортови

Украинскиот борец до Путин: Не ни поставувајте ултиматуми и не поставувајте свои услови, престанете со оваа војна!

Руската инвазија на Украина не престанува.

Сè се рефлектира во спортот што е запрен во оваа источноевропска земја, а многу спортисти и даваат пораки за поддршка на Украина, вклучувајќи го и нивниот борец Олександр Усик, светскиот шампион во тешка категорија.

Тој направи емотивно видео со јасна порака да се запре војната.

„Добро утро, јас се викам Усик Олександр. Сакам да апелирам до рускиот народ, ако не сметате за братски народ, не дозволувајте руската војска, вашите деца да дојдат во нашата земја. Престанете да не напаѓате! Исто така, апелирам до претседателот Путин. Стоп за оваа војна! Се криеме во подруми Ние сме на наша земја, се однесуваме како што мораме Се заштитиме „Стоп за ова, прекини со оваа војна!“ – рече Усик.

Погледнете ја и самите неговата снимка.