Connect with us

SPORTM.mk

Управата на Манчестер Јунајтед веќе бара замена за Мурињо

Британските медиуми објавија дека управата на Манчестер Јунајтед веќе работи на барање на замена за португалскиот стратег Жозе Мурињо, кој што ова лето ќе замине во ПСЖ.

Според весникот „Д Сан“ Мурињо веќе имал преговори со францускиот тим и е пред потпишување на договор за преземање на тренерската функција. Според весникот Португалецот бил свесен дека Манчестер Сити и Гвардиола ќе бидат убедливо доминантни во англиската лига, па решил дека е најдобро да замине.

Манчестер Јунајтед по само 11 рунди има осум бода негатива во однос на лидерот Манчестер Сити, за кого многу му предвидуваат рано освојување на шампионскиот трофеј.