Фудбал
Урнебесно, Црногорците со провокација за Босанците со бурек со сирење (ВИДЕО)
Црна Гора и Босна и Херцеговина одиграа 1:1 на синоќешниот меч во рамките од Лигата на нации. Домаќин беше Црна Гора, а интересен детаљ доаѓа од трибините. Имено, црногорските фанови во еден момент од мечот ги провоцираа босанските фанови со скандирања „бурек со сирење“.
Како што е познато, во БиХ, кога ќе кажете бурек, се мисли на бурек со месо, народот никако не може да прифати друг вид на бурек. Останатото, на пример како кај нас, не се нарекува бурек, туку „сирница“, „компируша“, „зељаница“ и слично.