Connect with us

Фудбал

Уште еден сериозен проблем во Барселона

Барселона имаше сериозни проблеми во изминатите две сезони.

Каталонците играат навистина слабо, клубот е во големи долгови, но некако претседателот Жоан Лапорта и тимот ги ’вадат’ од неволја.

Сепак, тимот од Камп Ноу се уште не може да ги плати огромните цифри на играчите кои сакаат да ги доведат. Претежно доаѓаат играчи кои се подготвени да играат за „ситно“ и клубот на тој начин заштедува пари.

Сепак, има проблем со играчите кои се недоволно платени, а еден од нив е одличниот уругвајски дефанзивец Роналд Араухо.

Неговата годишна плата е помала од милион евра. Тој ја одбил понудата за продолжување на соработката од Барса бидејќи не му ги понудиле условите што ги сакал.

Манчестер Јунајтед реши да се вклучи во се. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да го направат Арау милионер и да му понудат голем договор.

Исто така, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил виден со менаџерот на 22-годишниот фудбалер, па Уругваецот сигурно ќе има примамливи понуди за продолжување на кариерата.

Роналд Араухо е член на Барселона од 2018 година. Тој одигра 63 натпревари и постигна четири гола.