Connect with us

Фудбал

Уште една желба на Клоп заминува кај ривалите, Моура го избра Тотенхем

Крилниот напаѓач од редовите на ПСЖ, Лукас Моура, покрај интересот на големи клубови во Европа, ја избра екипата на Покетино, Тотенхем.

Како што пренесуваат Sky Sports и Guardian, клубовите постигнале договор и Моура ќе се пресели во Лондон во трансфер вреден 28 милиони евра.

Бразилецот веќе пристигнал во Лондон, каде се очекува да ги помине медицинските прегледи и да потпише повеќегодишен договор со Тотенхем.

За потсетување, Моура пристигна во ПСЖ пред пет години од Сао Паоло за 38 милиони ера, и во 229 настапи за тимот од Париз постигна 46 погодоци и забележа 50 асистенции.