Connect with us

Фудбал

Уште една жртва на челниците на Баерн: Мора да замине, но имаше што да каже

Корентин Толисо одлучи да го напушти Баерн и тој ќе се врати во Лион како слободен играч.

Толисо дојде во Баерн летото 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а сега реши да се врати во редовите на Лавовите. Наводно, Толисо ја одбил понудата на Њукасл кој го сакал споменатиот играч за врска во своите редови и решил да се врати во клубот кој го прослави.

Според медиумите, главната причина за непродолжување на договорот со 27-годишниот играч за врска биле честите здравствени проблеми на играчот. Повредите го исклучија од многу натпревари – оваа сезона играше само на 22 на кои постигна три гола.

Со плата од 11 милиони евра, на Баерн му беше полесно да раскине на крајот од сезоната кога му истекуваше договорот. Сепак, играчот бил огорчен, па за Л’Екип проговорил за тоа што се случувало во тимот на Баерн. Толисо јасно стави до знаење дека тренерот Јулијан Нагелсман нема многу да каже во германскиот клуб.

“Постои мислење за тренерот и одговорните за трансферите. Мислам дека тренерот нема многу да каже. Нагелсман ми даде доверба. Под негово водство можев да играм редовно, но потоа бев повреден. Сепак, на крајот на краиштата, мислам дека ја одиграв мојата улога“, изјави Толисо.

Иако не е задоволен од одлуката на клупскиот лидер, тој вели дека ги разбира.

„На крајот на краиштата, ја разбирам одлуката на клубот. Од моја гледна точка, понекогаш е добро да дишам малку свеж воздух и да започнеме нов циклус“, заклучи Толисо.

За пет години, 27-годишниот играч одигра 118 натпревари, постигна 21 гол и 15 асистенции. Со Баерн освои пет титули на Германија и Лигата на шампионите.