Connect with us

Фудбал

Уште малку и Интер ќе биде италијански клуб само на хартија

Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ ова лето ќе се пресели во редовите на Интер, доколку се оди „по планот и програмата“, со кој колонијата на странци, првенствено Балканци  во Интер ќе биде зголемена.

Ребиќ се поврзуваше со неколку клубови, дури и со Реал Мадрид, но „Calciomercato“, пренесува дека Антонио Конте одлучи да го купи.

Интер го договори Ребиќ за 40 милиони евра откако Конте му соопшти на клубот дека го сака офанзивецот на Ајнтрахт од Франкфурт, а покрај Ребиќ Интер планира да ги донесе Џеко, Барела…

Ребиќ во Италија играше за Фиорентина, а минатата сезона постигна 10 голови и шест асистенции во германскиот клуб.

Би било интересно ако и Џеко замине во Интер, а останат Перишиќ, Хандановиќ и Брозовиќ, па и Врсаљко. Нема што, вистинска балканска екипа.

Доколку земеме обзир дека тука се Наинголан, Шкрињар, Де Вриј, Икарди, Мартинез, Далберт, Миранда, Валеро итн… Интер е се’, само не италијански тим.

Засега тоа се само гласини, можеби на крајот ќе се смали бројот на Балканци во Интер, кој е одлучен да го нападне врвот и да го тргне Јувентус од тронот после толку години.