Connect with us

Фудбал

Усман Дембеле веќе избра нов клуб

Усман Дембеле (24) ги одби сите понуди кои Барселона ги доби за него во јануари.

Францускиот фудбалер не сакаше да ги напушти редовите на каталонскиот клуб, иако на маса имаше неколку интересни понуди за него.

Иако е во војна со клубот, тренерот Чави Ернандез одлучи да го користи Французинот до истекот на неговиот договор и тој треба да игра редовно до крајот на сезоната.

Тоа може да биде од голема корист за неговиот нов клуб, а се чини дека тоа ќе биде ПСЖ.

„Мундо Депортиво“ наведува дека во Барселона се убедени дека 24-годишниот напаѓач веќе постигнал договор со францускиот гигант и дека следното лето ќе стане нивни нов член.

Интересно е што ПСЖ го сакаше Дембеле и во јануари. Испратија понуда до Барселона, понудија двајца играчи, но очигледно Французинот решил клубот да не добие ништо за него.

Тој ќе го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч и ќе остане запаметен како еден од најскапите неуспеси во историјата на фудбалот.

Барселона во 2017 година и плати 145 милиони евра на Борусија Дортмунд, а за пет години играше многу малку и често беше надвор од теренот поради повреди, но и поради бројни глупости што ги правеше.

Дембеле одигра 129 натпревари за каталонскиот гигант и постигна 31 гол.