Connect with us

Ракомет

Утре почнува ракометното лудило – ова е распоредот на првото коло од групната фаза

Утре почнува 13-тото издание на европските првенства. Се игра во Хрватска, која по вторпат е домаќин на континенталните шампионати, по првенството во 2000-тата година. Ова првенство е деветто кое се игра со по 16 селекции, за разлика од првите четири првенства, кои се играа со по 12 репрезентации.

Распоред на првото коло:

Група “А“ (Хрватска, Шведска, Србија и Исланд), која ќе настапува во “Спаладиум Арена“ во Сплит, со капацитет од 11000 места:

12.01.2018 г., 18.15 часот: Шведска – Исланд

12.01.2018 г., 20.30 часот: Хрватска – Србија

Група “Б“ (Франција, Белорусија, Норвешка и Австрија), која ќе настапува во спортскиот центар “Жатика“ во Пореч, со капацитет од 3500 места:

12.01.2018 г., 18.15 часот: Белорусија – Австрија

12.01.2018 г., 20.30 часот: Франција – Норвешка

Група “Ц“ (Македонија, Словенија, Црна Гора и Германија), која ќе настапува во “Арена Загреб“ во Загреб, со капацитет од 15200 места:

13.01.2018 г., 17.15 часот: Германија – Црна Гора

13.01.2018 г., 19.30 часот: Македонија – Словенија

Група “Д“ (Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија), која ќе настапува во “Арената Вараждин“ во Вараждин, со капацитет од 5200 места:

13.01.2018 г., 18.15 часот: Шпанија – Чешка

13.01.2018 г., 20.30 часот: Данска – Унгарија

АНКЕТА

[poll id=”2″]