Connect with us

Фудбал

Утре во Струмица почнува Меѓународниот фудбалски турнир „Пандев Куп“

Од утре до 10 март во Струмица ќе се одржи првото издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Пандев Куп“, во организација на ФК „Академија Пандев“.

На турнирот ќе учествуваат 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска во четири возрасни категории (фудбалери родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година) поделени во вкупно 16 групи од по четири екипи.

Ждрепката е веќе извршена, а познат е составот на групите, кои ветуваат интересно натпреварување.

Се игра по системот „секој со секого“, а првопласираните две екипи од секоја група одат во плеј-оф А, а третата и четвртата во плеј-оф Б.

Свеченото отворање на „Пандев Куп“ е закажано за утревечер во 19 часот на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Купот требаше да се одржи мината недела, но поради лошите временски услови беше одложен.