Connect with us

Фудбал

Ужас во Србија: Тренер наговарал млад играч на секс

Педофилскиот скандал го затресе српскиот фудбал откако тренерот (38) на Радник од Сурдулица беше уапсен за пораки што ги испратил на 13-годишно момче.

Тој наводно на момчето му испраќал пораки со несоодветна содржина во кои го убедувал да има сексуални односи и го обвинил за сексуално вознемирување. Интересно е дека кривичната пријава е поднесена во редовна постапка, а на тренерот не му е одреден притвор, барем уште не.

Овој педофилски скандал со денови е главна тема во градот Сурдулица, а на обвинителството и на полицијата е да утврдат детално што точно се случило помеѓу тренерот и оштетениот, односно момчето.

Извори блиски до истрагата наведуваат дека таткото на младиот фудбалер го пријавил случајот во полиција, откако неговиот син се пожалил дека добивал несоодветни пораки од неговиот тренер.

„Момчето му се пожали на својот татко дека тренерот му испраќа чудни и несоодветни пораки, па веднаш ја извести полицијата за сè. Таткото го предаде на инспекторите мобилен телефон од неговиот син, кој содржеше контроверзни пораки, а тренерот беше повикан на информативен разговор каде негирал дека го убедувал момчето на сексуален однос и после тоа бил пуштен да се брани од слобода, а телефоните на тренерот и момчето биле испратени на вештачење“, изјави овој извор за белградските медиуми.