Connect with us

Ракомет

В недела во СЦ Кале се игра Вардар Јуниор лига

Вториот дел од 9 коло од Вардар Јуниор лигата се игра в недела, 29 април, во СЦ Кале. Натпреварите почнуваат во 8.10 часот со меч меѓу Општина Кисела Вода Вардар и Балтепе Вардар во машка конкуренција 2002/03.

На распоредот се натпревари меѓу екипи од Скопје, Тетово, Кавадарци, Кичево, Делчево и Куманово во машка и во женска конкуренција.

Ова коло се доигруваат и два натпревара кои беа одложени Вардар Виница – Кале Кичево од 7. коло и Делчево Вардар – Асови Вардар од 6. коло.