Connect with us

Фудбал

Вака беше во Тбилиси против Грузија, Пандев, ГООООЛ, Македонија на Европско (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во рамките од новиот циклус на Лигата на нации се среќава со селекцијата на Грузија. По два одиграни меча во групата, Грузија е лидер со 6 бодови, Македонија е втора со 4, па ова ќе биде практично директна пресметка за првото место.

Двете селекции најавуваат победа, а од тимот на Грузија стигнуваат пораки дека имаат голем долг за наплата против Македонија. Како што се сеќавате во 2020-та година Македонија ја совлада Грузија во финалниот плеј оф од Лига на нации за пласман на ЕП со голот на Горан Пандев со 1:0. Секако од резултатска гледна точка немаме ништо против и вечерва да се повтори истото.