Connect with us

Други спортови

Вака тоа го прават шампионите: Новак Ѓоковиќ имаше порака за Рафаел Надал

Новак Ѓоковиќ немаше можност да настапи на Австралија опен поради познатите проблеми со визата, а со тоа Србинот остана без шанса да ја освои историската 21. Грен слем титула.

Ѓоковиќ останува на 20 титули, а легендарниот Шпанец Рафаел Надал ја освои 21. откако во големото финале кое траеше речиси пет и пол часа го совлада Русинот Даниил Медведев. Надал заостануваше два сета, но на крајот славеше со голем пресврт.

Ѓоковиќ мораше да го гледа првиот Грен слем сезонава на ТВ, а се огласи денеска откако и официјално беше завршен.

Новак им честиташе на сите кои се бореа во финалето, но и на женските претставници.

„На овогодинешниот Австралија опен се одиграа неколку извонредни натпревари, а финалето беше исклучително. Честитки до Барти за неверојатниот настап пред својата публика, како и Даниеле Колинс за неверојатниот турнир. Честитки за Рафаел Надал за освојувањето на 21. Грен слем. Неверојатно достигнување. Имаше импресивна борбеност која преовладуваше и овој пат. Честитки за Медведев кој даде се од себе и одигра со страста и одлучноста што ги очекував од него“, изјави Новак Ѓоковиќ на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Додека Надал, Ѓоковиќ и Федерер имаа долго и трајно ривалство кое го надмина тенисот, сите тројца секогаш покажуваа одличен спортски дух во моментите на пораз и секогаш беа подготвени да им честитаат на своите ривали и затоа се шампиони.

На Надал му честиташе Федерер, но и многу други тенисери.

„Каков натпревар! На мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал, искрени честитки што стана првиот човек кој освоил 21 Грен слем титула во поединечна конкуренција. Пред неколку месеци се пошегувавме дека и двајцата се на патерици. Неверојатно. Никогаш не потценувајте голем шампион. Вашата неверојатна работна етика, посветеност и борбеност се инспирација за мене и за безброј други ширум светот“, рече Федерер.