Фудбал
Валенсија со ново засилување, и тоа од редовите на ПСЖ
Одличниот португалски крилен напаѓач Гонзало Гуедеш официјално е новиот член н а Валенсија, за која минатата сезона настапуваше како позајмен играч од ПСЖ.
Со оглед на тоа дека на „Местаља“ сите беа задоволни од тоа што го видоа, и дека ПСЖ немаа сериозни планови за овој фудбалер, Валенсија о откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Гонзало Гуедеш со Валенсија потпиша договор до 2023. година и неговото останување во клубот ќе биде големо засилување за овој клуб.
Португалскиот фудбалер кариерата ја започна во Бенфија, а во 2017. година премина во ПСЖ за 30 милиони евра. Во Париз не се избори за некој поважен статус, па веќе по пола година замина на позајмица во Валенсија во која покажа што знае.