Други спортови
Валентино Роси е позитивен на коронавирус
Возачот на Јамаха, Валентино Роси ќе ги пропушти следните неколку трки затоа што е позитивен на коронавирус.
Истакнатиот новинар Симон Патерсон, денес објави дека Роси е позитивен на коронавирус и дека тој веќе е во изолација.
Ова е втор случај со корона во Мото ГП и сега е сигурно дека нема да го следиме Роси за викендот во трката за Големата награда на Арагон.
Легендарниот возач сè уште не се огласил, но наскоро се очекува да ги потврди овие тврдења.
Роси е веќе во изолација во која ќе мине најмалку десет дена, а на крајот од следната недела повторно ќе биде тестиран.
BREAKING NEWS: Valentino Rossi is positive for COVID 19 and will miss this weekend's race
— Simon Patterson (@denkmit) October 15, 2020