Connect with us

Фудбал

Валверде: Реал останува кандидат за сите трофеи, иако е без Роналдо

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде го прокоментира трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.

Стратегот изјави дека недостатокот на Португалецот за „кралскиот“ клуб ќе се почуствува кај вечниот непријател, но и покрај тоа, тој ги дефинираше „белите“ како еден од главните фаворити за сите трофеи.

– Ова е голем недостаток, како и Андрес (Иниеста) за нас. Сите се обидуваат да изградат подобар тим од претходната сезона. Тогаш резултатите доаѓаат. Иако Реал Мадрид ќе биде без Роналдо, тие остануваат кандидати за освојување на сите можни трофеи, изјави тренерот на каталонците.